Издавачки центар ТРИ

101 зен приказна


Кога зенизмот би имал свои свети списи, тогаш оваа колекција зенистички текстови, како и снскритските ракописи што им претходеле, би можела да полага право на тоа да биде вклучена во нив.
Овде се собрани во една книга сите искуства на зенизмот, неговите загатки и приказите на степените на свесноста, заедно со сличните учења кои се со векови постари од зенизмот. Овие извадоци го наведуваат читателот длабоко да се нурне во секојдневниот живот и да го открие изворот на своето битие.
Првата книга, 101 зенистичка приказна, ги следи доживувањата на зенистичките учители и нивните ученици кои во последните седумстотини години трагале по саторито или просветлувањето.
Втора книга е познатата Мумонкан, колекција загатки што зенистичките учители ги користеле за да ги доведат своите ученици до просветлувањето.
Десет бикови, што ја илустрирал еден од најголемите јапонски уметници на дрворез, содржи коментари за степените на свесност на патеката на просветлувањето.
Четвртата книга, Сосредоточување, претставува превод од санскрит на едно древно учење кое во Кашмир опстанало се до денес, а од кое, се чини, води потекло зенизмот. 
                                                                                                                     повеќе

Актуелно
 
   21.08.2008 - Фестивалот продолжува!
Големиот интерес и одличните реакции на нашите читатели беа доволна причина да го одложиме крајот на Летниот фестивал на книгата до крајот на овој месец. Затоа, доколку не ги набавивте вашите фаворити досега имате уште десетина дена да го искористите огромниот попуст на сите изданија, а тоа можете да го сторите on-line, или ја посетите нашата кафе книжарница во ГТЦ на I кат.
 
 
 
   21.08.2008 - Најава: Нова земја - Екарт Тол
Секоја нова книга на Екарт Тол претставува нов драгоцен увид во едно од највредните и најоригиналните духовни учења на денешнината.
 
 
 
   07.07.2008 - ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА - 20 јуни -20 август -
Издавачкиот центар ТРИ од 20 јуни го започна својот традиционален Летен фестивал на книгата. Во Кафе книжарницата ТРИ во ГТЦ, како и во срцето на Охрид во книжарницата КУКУЗЕЛ сите изданија ќе се продаваат со попуст од 20 до 50%, а голем попуст ке имаат и монографските изданија на светскиот издавач ТАШЕН, чиј застапник и дистрибутер за Македонија е ТРИ.
 
 
Архива   

препорачуваме

Книга за бамбусот
- Владислав Бајац
Книга за бамбусот претставува метафора за раѓањето на една филозофија низ билката која ги допира човечките прсти и се враќа на својот дефинитивен облик. Бамбусот е главен лик и предмет на човечките мисли и желби, тој е врската меѓу две култури (јапонската и кинеската), врската помеѓу човечките судбини; тој ги определува настаните, преземајќи ја вината врз себе. Книга за бамбусот е книга за некои други светови, кои најчесто го претставуваат светот на нашите сништа.

Цена: 350,00 ден.
стави во кошничка
 
Кој и да си, дојди
- Џелаледин Мевљана Руми
И по 800 години да се остане животворен е нешто што им е својствено само на исклучителните умови, кои, додека биле живи, не живееле само за себе и својот ограничен семеен или поширок круг луѓе, туку своето постоење го претвориле во мисла и порака упатена до сите од Бога создадени живи суштества на светот. Мевљана зад себе остави огромно дело, кое ги надвишува вековите и сите можни бариери. За големиот мистик, освен Создателот, не постојат никакви други граници, па ни во самата поезија.

Цена: 200,00 ден.
стави во кошничка
П.с. те сакам
- Сесилија Ахерн
Запомни ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови... Холи и Гери имаа совршен живот - среќно оженети, живееја во Даблин блиску до своето семејство и пријатели, добро се забавуваа, накратко - светот им беше под нозете. Кога Гери почина, Холи мислеше дека не може да живее без него. Ден пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој и беше љубовник и најдобар пријател ја напушти. Но Гери и ветил дека секогаш ќе биде до неа. И беше. И остави пораки. Холи секој месец чита нова...

Цена: 380,00 ден.
стави во кошничка
 
Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш
- Пол Арден
Исто како што Уметноста на војувањето од Сун Цу повеќе се чита како лекција по бизнис стратегија отколку како лекција по војување во војничката смисла на зборот, или како што Владетелот на Макијавели, иако е напишан за владеењето, се користи како водич за менаџментот, така и оваа книга го користи креативниот процес на добро рекламирање како метафора за деловната практика.

Цена: 200,00 ден.
стави во кошничка

 корис. име:
 лозинка:
    


Будала е оној кој не знае да ја сокрие својата мудрост. (Индиска поговорка)

1.

Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш

Пол Арден
2.

Страници за нашата љубов

Николас Спаркс
3.

Кога Ниче плачеше

Ирвин Јалом 
4.

101 зен приказна

приредил Пол Репс
5.

Книга за бамбусот

Владислав Бајац