×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Островот Крах

Островот Крах

Ина Влчанова


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Ина Влчанова
ISBN: 9786082306124
Жанр: Европски автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден.

„Островот Крах не е мрачен роман не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме ’судбина‘. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија.“

Островот Крах е приказна за две жени или, поточно, приказна раскажана од две жени. Овие два главни лика не се познаваат, а сепак постои некоја магична поврзаност меѓу нив: едната е астролог аматер и во ѕвездите прочитала дека на другата ѝ се заканува крах. Секоја од жените го знае само својот дел од приказната и наративните делови – два лични универзума, толку различни а сепак толку слични – треба да бидат сместени во една целина од страна на читателот, како сложувалка. Деловите се приказни за различни луѓе и предели, и за еден далечен и фасцинантен остров на кој би можел да се случи предвидениот крах. Приказните допираат многу различни теми, но во својата суштина романот зборува за човековите нагони и фрустрации, копнежот и реалноста, љубовта и предавството, за желбата и невозможноста да ги споделиме богатството и тегобите на душата.

Што е „крах“ и дали воопшто постои такво нешто? И што е „успех“ или „победа“? Што значат тие на големото платно на универзумот? Создавајќи ја сликата на судбината, нивните потези секогаш кријат извесна противречност.

Ина Влчанова

Ина Влчанова

Види повеќе