×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Се гледаме во Опсан

Се гледаме во Опсан

Сила Јакерт


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Сила Јакерт
ISBN: 9786082306841
Жанр: Магични приказни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

Конечно крај на школската година, конечно распуст! Аника радосно почнува да се пакува кога се случува нешто страшно! Нешто што ќе ѝ ги расипе сите планови за мечтаениот одмор во викендичката, за капењето, за долгите, безгрижни летни денови...

Но неочекуваниот настан во семејството ќе ѝ донесе нови пријатели, со кои секојдневно ќе се среќава кај Опсерваторијата во големиот парк, т. е. во Опсан. Бунтовната Каја, плашливата Ингрид-Кекс, Тобе кој избегал од спортскиот камп зашто не го сака фудбалот, „ѓаволскиот“ Финен, Ловет кој е премногу мал за да останува по цели денови во паркот. Сите имаат различни причини да не бидат дома. Времето го минуваат главно играјќи ја играта Вистина или предизвик, преку која постепено се запознаваат. Но повеќе ги сакаат предизвиците, оти како што вели Каја: „Никој не се грижи за вистината“.

Низ играта се соочуваат со многу предизвици кои бараат од нив да направат храбри, па дури и незамисливи работи и да им погледнат во очи на своите стравови, а на крај и да ја кажат вистината за себе – и пред себеси и пред другите.

Сила Јакерт

Сила Јакерт

Види повеќе