Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Диво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.
Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.
Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам