×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Уметноста на кариерниот менаџмент

Уметноста на кариерниот менаџмент

Александра Кацарски


Издавач: Паблишер
Година на издавање: /
Автор: Александра Кацарски
ISBN: 9786084892656
Жанр: Бизнис литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
600 ден.

ВОДИЧ ЗА СОВРШЕНА КАРИЕРА / ВОДИЧ ЗА ВАШАТА СОВРШЕНА КАРИЕРА

Секој човек или организација содржи потенцијал со чие максимално и правилно користење може на извонреден начин да ги оствари поставените цели и својата визија.

М-р Александра Кацарски, како долгогодишен професионален советник за кариерно советување со повеќе меѓународни признанија, ни дава одговор на најзначајните прашања за успешно менаџирање на кариерата преку поставување на организациски систем за развој. Со својата длабока и практична стручно-научна разработка на суштината на кариерниот менаџмент и личното брендирање, „Уметноста на кариерниот менаџмент“ е незаменлив водич за сите кои целат кон успешно работење, без разлика за која дејност станува збор.

Без разлика дали ја барате својата прва работа, сакате да ја смените моменталната кариера или се обидувате да изградите привлечни кариерни патеки за вашите вработени, ова авторско дело претставува ваш личен кариерен советник, изобилувајќи со практични информации и одговори кои ќе ви бидат потребни на патот до вашата совршена работа.

Проф. д-р Љупчо Ефтимов

Оваа книга има не само научна туку и практична примена и на читателот му помага во себепронаоѓањето. Посебно актуелен сегмент е акцентирањето на личното брендирање како основа за сопствено позиционирање и пласман во сопствената професија на секоја индивидуа.

Проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска

Александра Кацарски

Александра Кацарски

Види повеќе