×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Плејбој

Плејбој

Вај Киленд


Издавач: Сакам книги
Година на издавање: /
Повез: Мек повез
Возраст: 18+ години
Автор: Вај Киленд
ISBN: 9786082602295
Жанр: Љубовни романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
450 ден.

Се запознавме на венчавката на мојата најдобра пријателка. Кришум се погледнувавме цела вечер – не можевме да ја порекнеме силната привлечност што искреше меѓу нас. Јас го фатив бидермаерот, тој жартиерот. Почитувајќи го свадбениот обичај, танцувавме заедно. Припиени еден до друг, ми предложи да ѝ се препуштиме на страста. Неговите перверзни зборови требаше да ме згрозат, но поради некоја луда причина, го имаа токму спротивниот ефект. Завршивме во мојата хотелска соба. Следното утро заминав за Њујорк, давајќи му погрешен број. 

Често мислев на него, но по последната врска се заколнав дека нема да се гледам со згодни и вообразени момци. Кога по една година се сретнавме кај заеднички пријатели, огнот меѓу нас воопшто не беше стивнат. Ми го побара вистинскиот број, па му го оставив бројот на мајка ми, која умее да го исплаши секој маж со приказни за брак и деца. 

Мислев дека се спасив, но следната недела се појави кај мајка ми за семејната вечера. Будалестиот, прекрасен маж прифатил двомесечна работа само за да биде поблиску до мене. Ми предложи да го поминеме времето испреплетени под чаршафите. Осум недели поминати во неверојатен секс без обврски? Немав што да изгубам. Барем така си мислев.

Но знаете како велат – и најдобро смислените планови можат да се изјаловат.

Вај Киленд

Вај Киленд

Види повеќе