×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Отсечки стварност

Отсечки стварност

Ѓоко Здравески


Издавач: Бегемот
Година на издавање: /
Автор: Ѓоко Здравески
ISBN: 9786084869191
Жанр: Кратки раскази
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
150 ден.

„Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се ѕирне и во мрачните ќошиња на човековиот дух, авторот создал еден вид медитации на подвижна лента, успевајќи во невозможното – да изваја мали парчиња смисла среде сеопштата врева на современоста од која никој не е поштеден. Притоа, микроскопскиот поглед врз светот служи како алатка за проникнување во длабоките тајни на човечката егзистенција. Но, не сите парчиња се натопени во истиот контемплативно-медитативен тон. Користејќи го хуморот, понекогаш на граница на црниот хумор, бизарноста, апсурдот, очудувањето преку врската со детството и детскиот поглед на светот, авторот создава текстови што се исто така епифанични, само што овој пат до епифанијата се доаѓа по сосема друг пат и на друг начин.

-Иван Шопов

Ѓоко Здравески

Ѓоко Здравески

Види повеќе